
На Белингам му се заканува подолга суспензија, може да трае и 12 натпревари
Во повеќе наврати имаше испади кон противнички фудбалери, влегуваше во расправии и провокации со гледачи на трибините, а пцовките му станаа секојдневие. Токму за пцовка беше исклучен синоќа и покрај тоа што и Карло Анчелоти се обидуваат да релативизираат и да ги прикажат неговите вулгарни зборови како обична работа. Реал ќе се жали на црвениот картон, но ако жалбата не биде прифатена, на Белингам му се заканува суспензија од повеќе натпревари.
Во најдобар случај, ќе добие забрана за играње од два меча и тоа е најреалното сценарио во моментов, но во комбинација е суспензија и од 12 натпревари. Ако се случи тоа, Белингам нема да игра во финалето од Копа дел Реј во случај Реал да стигне дотаму што би бил голем хендикеп за мадридскиот клуб.