Мурињо одговори на шпекулациите: Ќе се вратам во Реал кога ќе дојде време

Убедливиот пораз на Реал Мадрид на гостувањето кај ПСЖ со 3-0, го вклучи алармот во шпанскиот клуб, па изминативе неколку дена постојано се пишува за смена на предводникот на „Кралевите“, Зинедин Зидан.

Според шапнските медиуми, наводно во клубот е разочаран од Французинот, а неговото заминување е очигледно доколку не се поправи поправи ситуацијата во наредниот преиод.

Се шпекулира дека Зидан на клупата на Реал би можел да го наследи Жозе Мурињо, но Португалецот веднаш се огласи оваа тема.

Би била голема чест да се вратам во Реал Мадрид, но засега нема да зборувам за враќање во клубот. Тие имаат тренер и тој не е било кој, туку Зинедин Зидан. Моето враќање ќе се случи кога ќе дојде време за тоа, изјави Мурињо.