
Мурињо: Ниту Фергусон, ниту Гвардиола - Раниери испиша најголема историја во Премиерлигата!
Во емисија кај неговиот поранешен играч, Џон Оби Микел, Мурињо требаше да избере меѓу Фергусон и Гвардиола. Но, Португалецот како и секогаш немаше едноставен одговор.
„Ферги или Пеп? Невозможно е да се споредува, невозможно е да се споредуваат генерации, невозможно е да се споредува потенцијалот да се остварат работите, но и двајцата испишаа историја во Премиерлигата. Но, за мене човекот кој испишал најголема историја во Премиерлигата е Раниери“, вели Мурињо.
„Бидејќи да освоите со Лестер е нешто посебно. Да освоивте 4, 5, 6 титули со Манчестер јунајтед, со таа генерација е одлично, но… да освоите 5, 6, 7 титули со оваа генерација на Сите е одлично, но… со Лестер нема „но“. За мене тоа е најневеројатната титула во мојот животен век“.