Мурињо даде „зелено светло“ за ново големо засилување на Реал Мадрид

Реал Мадрид би можел да тргне ова лето во реализирање на уште еден голем трансфер, откако на листата со желби на тренерот Жозе Мурињо се најде Мартин Зубименди од Арсенал.

„Мундо Депортиво“ објави дека Мурињо дал „зелено светло“ за трансферот на шпанскиот фудбалер, а „кралевите“ наскоро треба да стапат во преговори со премиерлигашот.

За шпанскиот фудбалер ова би бил голем чекор во кариерата, но сè уште трансферот е далеку од реализација.

Цената на Зубименди се проценува на 75 милиони евра, па Арсенал нема да отстапи и да го продаде за пониска сума.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.