
Мота го најави дербито со Интер: Мораме да бидеме на ниво цел натпревар
Тренерот на „бјанконерите“, Тијаго Мота очекува голема борба и јавно побара од неговите фудбалери да одиграат најдобро што знааат.
„Тимот добро се снаоѓа и секогаш е пријатно кога победува. Гледам дека играчите се во добро форма, а овој дуел е од големо значење и сите чувствуваме притисок. Мораме да бидеме 200% фокусирани и да сме на ниво во текот на целиот натпревар. Дуелот со Интер е можеби најважен во сезоната“, рече Мота.
Дуелот почнува во 20:45, а Интер со евентуална победа има шанса да се искачи на првото место на табелата.