Монца освои само бод на гостувањето кај Лацио (ВИДЕО)

Лацио никако да заличи на екипата од минатата сезона, но и покрај тоа освои бод против Монца која доминираше на теренот во Рим.

Чиро Имобиле ја затресе мрежата на гостите во 12. минута од пенал, но Галјардини израмни на 1-1 во продолжение од средбата, а потоа Монца почна да напаѓа сè повеќе кон голот на Лацио, но не успеа да постигне и втор гол.

Монца е на 13. место со пет бодови, додека Лацио има еден бод помалку на 15. позиција во Серија А.