Модриќ се радува на трансферот на Бензема, Роналдо е бесен!
Доцна синоќа Карим Бензема го комплетираше трансферот во Ал Хилал, а Лука Модриќ во коментар на Инстаграм на англиски му напиша „ново поглавје“ со неколку моќни емотикони.
Поддршката на Модриќ за неговиот поранешен соиграч ги воодуваше Саудијците, доби преку 17 илјади лајкови и преку 200 коментари. Тие го повикуваат Хрватот да му се придружи.
Од друга страна Роналдо е бесен на овој трансфер и почна бојкот со неиграње во Ал Наср.
Португалецот е разочаран затоа што нивниот најголем ривал Ал Хилал станува уште посилен, а Ал Наср не се засилува соодветно и ги губи шансите за титулата.
Големи се шансите авантурата на Роналдо во Саудиска Арабија да мине без освојување на шампионската титула.