Бенфика остана единствен тим без пораз, но нема причини за радост!
Порто го доживеа првиот пораз, но навивачите на Бенфика немаат многу простор за радост, напротив сега уште повеќе тагуваат за пропуштеното.
Бенфика нема пораз, но има дури седум нерешени натпревари. Една од нив се случи во минатото коло кога тимот на Мурињо ремизираше на гостувањето кај Тондела со резултат 0-0.
По 20 одиграни кола во Португалија, Порто е лидер во Португалија со 55 бодови, четири повеќе од Спортинг и дури девет повеќе од Бенфика.
Црвените од Лисабон имаат неколку нерешени мечеви против слаби португалски екипи кои доколку не се случеа ќе ги лансираа пред Порто или ептен блиску до нивниот ривал.
Во наредното коло се игра големото дерби меѓу Порто и Спортинг, па Бенфика ќе има шанси да намали малку од негативата во однос на некој од овие два клуба, но заостанувањето е големо.