Младата ѕвезда на Реал инспирација црпи од мотото на - Мајкл Џордан

Виничиус Жуниор треба да биде иднината на Реал Мадрид. Екстра талентираниот напаѓач доби шанса во првиот тим на „кралевите“ и уште во првите натпревари покажа дека заслужува да го носи дресот на еден од најтрофејните клубои на светот. Интересно младиот играч инсипирација црпи од кошаркарот Мајкл Џордан. 

Кога Кристијано Роналдо го напушти Реал, очекувањата беа дека Герет Бејл ќе биде неговиот наследник, се додека не се појави Виничиус. Сега, фановите на „галактикосите“ се убедени дека младиот Бразилец ќе ги води до големи успеси.

Виничиус го одликува голема посветеност, а водилка низ животот му е цитатот на Мајкл Џордан:

„Никогаш не вели никогаш, границата е како страв, најчесто само илузија“.