
Миовски: Повеќе сакам трофеј со Абердин, отколку „златна копачка“ во Шкотска!
Миовски експлодира во првиот дел од сезоната, па ни за половина година го сврте вниманието кон себе, откако за 625.000 евра дојде од МТК во Абердин, па пред паузата поради Мундијалот во Катар, веќе се појави првиот заинтересиран клуб за неговите услуги од „лига петка“ - француски Ремс.
Абердин има полуфинале против Глазгов Ренџерс во Лига-купот, а целта на овој клуб покрај недопирливите Селтик и Глазгов Ренџерс е – излез во Европа.
„Повеќе би сакал трофеј со Абердин, отколку 'златна копачка'. Наша цел е да излеземе во Европа, да бидеме во првите три во Лигата, а и да играме финале во Лига-купот. Секако би било добро да бидам најдобар стрелец кога веќе сум на врвот“, вели Миовски