Миовски остана на клупа, Жирона ремизира против Селта
Гостинскиот тим не беше убедлив во првото полувреме, но успеа преку Ерера да постигне гол за предност од 1-0. Сепак, Селта тргна на сè или ништо во вториот дел и конечно до израмнување стигна преку Аспас во завршницата од мечот, односно во 81. минута.
Жирона по осум одиграни кола е на 12. место со девет бодови, додека Селта е на деветтата позиција со 10 бода.