Миовски не даде гол, ама Абердин го шокира Ренџерс

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски заедно со неговите колеги од Абердин одиграа одличен меч против Ренџерс и триумфираа со 3-1 во седмото коло на шкотската лига.

Гартенман во 38. минута донесе водство за Абердин, додека МекГрат го шокира Ренџерс во 68. минута за предност од 2-0 на неговата екипа.

Сима ги врати надежите на поранешниот шкотски шампион, меѓутоа Абердин преку МекКензи во 85. минута погоди за конечни 3-1.

Миовски одигра 80 минути за Абердин, по што беше заменет со Дјук.