Миовски фаќа голгетерски ритам со МТК (ВИДЕО)

Македонскиот младински репрезентативец Бојан Миовски одигра уште еден одличен меч за МТК во унгарскиот шампионат и постигна гол во победата против Пушкаш Академија од 3-0.

Миовски на стартот на натпреварот, односно во четвртата минута испрати шут по одбиена топка во противничката мрежа и донесе водство од 1-0.

Ова за македонскиот фудбалер беше втор гол во унгарското првенство, а исто така Миовски постигна и два гола во Купот.

tf-8">