Милан со последна понуда до Атлетико Мадрид за Анхел Кореа

Милан е во долги преговори со Атлетико Мадрид околу Анхел Кореа, но се чини дека Шпанците конечно попуштија во барањата. 

Атлетико бараше минимум 50 милиони евра обештетување плус бонуси, но Милан не сакаше да понуди повеќе од 40 милиони. Очигледно е пронајден компромис, бидејќи последните информации говорат дека „росонерите“ ќе платат 42 милиони евра обештетување за Аргентинецот, а Атлетико ќе има право на 30 отсто од трансферот ако Милан во иднина го продаде фудбалерот. 

Кореа има 24 години и може да игра како крилен напаѓач и како повлечен напаѓач во шпицот. Четири години е дел од мадриѓани, а претходно играше во својата татковина во Сан Лоренцо.