Милан потврди: Мењо ќе биде надвор од терените долго време

Голманот на Милан, Мајк Мењо денеска бил успешно опериран поради повредата на лигаментите на левиот зглоб на раката. 

Французинот го очекува долга пауза и ќе биде надвор од терените околу два месеци, потврди Милан. Тој шест недели ќе мора да мирува, а потоа да почне со тренинзи.

Ова е сериозен удар за шампионските амбиции на „росонерите“, кои имаат одличен старт на сезоната, а еден од клучните играчи секако беше Мењо. Голманот импресионираше во овие неколку натпревари во Серија А и во Лигата на шампионите и се покажа како доследен наследник на Џанлуиџи Донарума.

Чипријан Татарушану се очекува да биде прв голман на Милан додека Мењо не се рехабилитира целосно. Клубот денеска го ангажираше и Антонио Миранте на голманската позиција, бидејќи Милан остана и без третиот голман Алесандро Плицари, кој исто така имаше тешка повреда и ќе биде долго надвор од терените.