Милан го избрка Тео Ернандез, тој сега им подготвува - слатка одмазда!
Милан не му понуди нов договор на Тео Ернандез, по што тој замина од Сан Сиро и се пресели во Саудиска Арабија за зделка вредна околу 25 милиони евра.
Минатиот месец, левиот бек си ја отвори душата во разговор со Газета дело Спорт, откри дека не сакал да замине од „Сан Сиро“, но практично бил избркан и добил порака од директорите дека ќе дреме на трибини доколку остане.
Тео Ернандез сега подготвува слатка одмазда, информациите велат дека тој преговара со Јувентус.
Наводно агентите на францускиот фудбалер се во интензивни разговори со Јувентус и можно е да се врати во Серија А, но тоа би се случило по крајот од сезоната.
Тео Ернандез е подготвен да прифати четирипати помала плата за да се пресели во Јувентус. Сега заработува 20 милиони евра годишно, но не сака да остане во Саудиска Арабија.