Михајловиќ се врати на клупата на Болоња, навивачите го пречекаа со овации (ВИДЕО)

Синиша Михајловиќ ги изненади сите со одлуката да ја предводи Болоња против Верона од клупата, а неговото појавување на стадионот беше поздравено со големи овации од страна на навивачите.

Пред почетокот на мечот публиката го поздрави Миха, а тој им возврати, по што се фокусираше на мечот.

Да потсетиме, Михајловиќ на 13 јули објави дека боледува од леукемија, а петдена подоцна почна со терапии.