Меси не е како Роналдо: Аргентинецот со неочекуван потег го изненади Пјаниќ (ВИДЕО)

Барселона со 4-0 го совлада Вилјареал во првиот меч сезонава за нив во шпанската Ла Лига, а шанса на теренот доби и босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ, кој летово пристигна од Јувентус.

Пјаниќ одигра добри 15 минути, а интересно е тоа што Лионел Меси му дозволи да шутира слободен удар од опасната зона пред противничкиот гол, нешто за што Босанецот можеше само да сонува додека играше со Кристијано Роналдо во Јувентус.