Меси ја заврши својата ера во Барселона со - 778 настапи и 672 голови!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси си заминува од Барселона по долги години минати во клубот, поради тоа што каталонскиот гигант не можеше да ги исполни финансиските барања на шпанската Ла Лига.

Меси се договорил со Барселона да го продолжи договорот, но соработката  не можеше и официјално да биде потврдена бидејќи финансиските проблеми не се решени во Каталонија и поради тоа Аргентинецот ќе си ја бара среќата на друго место.

Ѕвездата зад себе остава неверојатни бројки во дресот на Барселона. Првпат дебитираше за првиот тим во 2004 година, а од тогаш настапи на 778 меча и притоа постигна 672 голови и 305 асистенции, а има освоено и 35 трофеи.