Меси испрати честитка по освоената титула на Барселона (ФОТО)

Лионел Меси повторно покажа дека неговата љубов кон Барселона не исчезнала, откако по освојувањето на титулата во Ла Лига испрати честитка до каталонскиот гигнат.

Аргентинецот преку социјалните мрежи честиташе за шампионската титула со кратка порака и напиша „Да живее Барселона“.

Меси играше долги години за Барселона, при што освои голем број пехари, а исто така испиша и историја со екипата.

Фото: Facebook/Inter Miami CF