Meрино го реши дербито помеѓу Арсенал и Челси, Тотнем повторно разочара (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал славеше минимална победа во дербито со Челси во рамките од 29. коло во Премиер лигата.

Моментот на одлука се случи во 20. минута кога летното засилување за „топчиите“, Микел Мерино по асистенција на Одегард ја погоди мрежата.

Во продолжение од натпреварот избраниците на Артета беа подобар противник на теренот и создаваа повеќе прилики, но резултатот не се промени.

Со овој триумф Арсенал дојде до 58 бода со кои заистанува 12 бода зад лидерот Ливерпул.

Во вториот натпревар во истиот термин Тотнем им приреди ново разочарување на своите навивачи и загуби на гости кај Фулам со 2-0.

Стрелци на головите во второто полувреме беа Родриго Муниз и Сесењон.