Мбапе со два гола во две минути осигура нова титула за ПСЖ во Франција (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ од вечерва ги имаат двете раце на шампионскиот пехар во Франција, по гостинскиот триумф кај Оксер (2-1) со кој на две кола до крајот на сезоната имаат шест бода предност пред Ленс, но и далеку подобра гол-разлика што им овозможува веќе да се напијат од шампионското шампањско.

Творец на денешната победа беше Килијан Мбапе со два погодока во две минути во првото полувреме, првиот по асистенција на Руис, а вториот по одлично додавање од Лионел Меси. Домаќинот на почетокот на второто полувреме, со голот на Синајоко намали на 1-2, но домаќините, кои се борат за опстанок, немаа сили да се спасат од пораз.

Оксер има 34 бодови, еден повеќе од Нант, кој е во зоната за испаѓање, додека ПСЖ
е нов шампион со 84 бодови за рекордна 11. титула во Франција.