Мбапе планира да купи клуб од Франција

Француските медуми пишуваат дека семејството на Килијан Мбапе е во напредни преговори за да го купат второлигашот Кан.

Екипата минатата сезона го освои шестото место во Лига 2, а со доаѓањето на семејството Мбапе се очекува клубот да напредува и да се пласира во елитата.

Семејството планира да вложи многу пари во создавање респектабилен тим кој ќе може во иднина да се бори и за место во европските купови.