Мбапе не е среќен во Мадрид, ќе си го решава проблемот со повредата во Франција!

По одличниот почеток на сезоната, Килијан Мбапе се соочи со големи проблеми поради повредата на коленото која го мачи уште од декември.

Мбапе поради повредата ќе го пропушти дуелот против Хетафе, а во меѓувреме реши да замине во Франција.

Францускиот напаѓач не е задоволен со медицинскиот тим на „кралевите“, па затоа ќе си го решава проблемот со повредата во Франција.

Напаѓачот на „кралскиот клуб“ замина во татковината каде што треба да интервенираат специјалисти за неговата повреда.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.