Дончиќ тргна да се тепа со тренерот на Лејкерс, соиграчите спречија скандал (ВИДЕО)

Изминатата вечер Лејкерс славеа победа над Сакраменто, а Лука Дончиќ беше најдобар на теренот, но словенечкиот кошаркар се најде во центарот на вниманието и во уште една ситуација.

Имено, на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како Дончиќ е во расправија со тренерот Џеј-Џеј Редик. Ѕвездата на Лејкерс по кратката расправија седна на столчето, но неколку моменти подоцна стана и изгледаше како да сака да се пресмета со својот тренер.

Соиграчите брзо реагираа и помогнаа да се смири ситуацијата без поголем скандал.