Војдан испишува историја во Баку - ќе се израмни со Гечевски!
Имено, Војдан на дуелот кој е закажан за во 17:00 часот ќе се израмни со Тодор Гечевски по бројот на официјални натпревари, двајцата со по 90 натпревари.
Според статистиката на ФИБА во оваа бројка не се вклучени двата натпревари на Европското првенство во Полска во 2009 година кога против Германија и Русија, Војдан не влезе во игра.
Зад себе Стојановски има 20 години во репрезентација во кои успеа да стане и четврти стрелец во историјата на Македонија, вкупно е на бројката од 881 поен. Токму во денешниот дуел може и да напредува на листата бидејќи Гечевски е пред него со десет поени повеќе.
На првите две листа се Врбица Стефанов со 947 поени и Петар Наумоски со 1.040 поени за националниот тим.