Скандал во Шпанија: Прекинат натпревар зашто му кажал дека е мигрант кој дошол со чамец

Ла Лига отвори истрага поради навреди на мечот меѓу Елче и Еспањол, а во главна улога е Рафа Мир кој наводно му кажал на Омар Ел Хилали дека е „мигрант кој дошол со чамец во Шпанија“.

Спорната реченица наводно била кажана во 78. минута од натпреварот, а алудира на мигрантите кои доаѓаат во Шпанија преку море.

Ел Хилали веднаш му се пожалил на судијата, по што натпреварот беше прекинат поради активирање на протоколот против расизам.

Шпанската лига води истрага за случајот и наскоро се очекуваат повеќе детали за инцидентот.