Ибраими не дозволи Пелистер да ја изненади Шкендија (ВИДЕО)
Почетните минути од натпреварот во Тетово донесоа изненадување, Спировски по само седум минути игра по една мешаница при изведен корнер најдобро се снајде и ја погоди мрежата.
Шкендија тргна по израмнување и брзо создаде неколку прилики, израмнувањењто стигна преку ветеранот Бесарт Ибраими во 21. минута. Иако до крајот на првиот дел видовме и уште некоја прилика сепак на пауза се замина со по еден гол и на двете страни.
Во вториот дел Шкендија постигна уште еден гол и тоа повторно преку Ибраими по нешто повеќе од еден час игра. Пелистер се обиде, меѓутоа немаше сили да дојде до втор гол и да избегне пораз.
За Шкендија ова секако се важни бодови пред големото дерби против Вардар кое се игра веќе в четврток на теренот на ФФМ.