ФИФА во проблем: Еден град одбива да биде домаќин за СП - нема пари!
Стадионот „Жилет“ во Фоксборо во државата Масачусетс со капацитет од 65.000 места, треба да биде домаќин на пет натпревари од групната фаза, еден натпревар од осминафиналето и првото четвртфинале на 9 јули, меѓутоа во последен момент би можело да дојде до промена.
ФИФА изгледа ќе мора да најде нов стадион каде што ќе се играат овие натпревари. Наводно, малото место Фоксборо се заканува со блокада на натпреварите ако некој не ги покрие трошоците за безбедност. Локалниот управен одбор го одби барањето за дозвола за користење на јавните служби без финансиска гаранција, истакнувајќи дека тоа не е одговорност на градот.
Градот проценил дека трошоците за полиција и јавна безбедност за време на турнирот ќе изнесуваат околу 7,8 милиони долари, а едноставно според него нема.
Според последните најави помошта би можела да пристигне од сопственикот на, Њу Ингланд Патриотс, Роберт Крафт кој би покрил поголем дел од трошоците. Сепак, засега тоа не е потврдено дека ќе се случи.
Фото: EPA