Мбапе го престигна Роналдо, сега го „брка“ легендарниот Заморано!

Килијан Мбапе продолжува да се докажува како лидер на нападот на Реал Мадрид, откако беше клучна фигура во синоќешната тешко извојуваната победа на „кралевите“ над Леганес (3-2), постигнувајќи го победничкиот гол од слободен удар.

Французинот со овој погодок стигна до 33 гола во својата дебитантска сезона во дресот на „кралевите“, израмнувајќи го рекордот на Кристијано Роналдо од неговата прва сезона во клубот по трансферот од Манчестер Јунајтед. Португалецот не го држи овој рекорд, па Мбапе сега има можност да го надмине најдоброто остварување на Иван Заморано. Легендарниот Чилеанец во сезоната 1992/93 постигна 37 гола на 45 натпревари – бројка што останува предизвик за младиот Французин.

За споредба, Бразилецот Роналдо во својата прва сезона во Реал (2002/03) постигна 29 гола на 43 натпревари, што уште повеќе ја потенцира импресивната форма на Мбапе оваа сезона.