Мбапе го избра фаворитот за „Златната топка“: Јас лично би му ја доделил наградата

Церемонијата за доделување на „Златната топка“ ќе се одржи на 22 септември во Париз, а веќе се споменуваат неколку фудбалери кои се меѓу фаворитите за освојување на престижната награда.

Најсериозни кандидати за признанието се Осман Дембеле од ПСЖ и Ламин Јамал од Барселона, додека Килијан Мбапе во разговор со новинарите откри дека има свој фаворит.

Мбапе му дава предност на неговиот сонародник и колега од француската репрезентација, Дембеле.

„Дембеле ја заслужува наградата. Ако ме прашате, јас лично би му ја доделил“, кажа Мбапе.

Фото: Facebook/ Équipe de France de Football