Матиќ останува во Јунајтед до 2023 година

Играчот од средниот ред на Манчетстер јунајтед, Немања Матиќ, потпишал нов договор со тимот од „Олд Трафорд“ и ќеостане во овој клуб до 2023 година, објави италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио. 

Матиќ во Манчестер јунајтед се пресели од редовите на Челси во 2017 година. Иако подолг период се поврзуваше со неколку клубови, сепак одличните партии во вториот дел од сезоната му обезбедија нов договор со „црвените ѓаволи“.

Триесет и едногодишниот фудбалер кариерата ја започна во Колубара, а потоа играше во Кошице, Витесе, Челси и Бенфика.