Мартинез со два гола го спаси Интер од срам (ВИДЕО)

Поранешниот италијански шампион Интер се измачи на гостувањето кај Кремонезе, но аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез со два гола ја обезбеди победата од 2-1.

Кремонезе постигна гол за водство во 11. минута преку Окереке, по што „нераѕурите“ ја преземаа доминацијата на теренот, а Мартинез во 21. минута погоди за 1-1.

Домаќините успешно се бранеа до 65. минута, кога Мартинез го постигна вториот гол на натпреварот за целосен пресврт и нова победа за Интер.

Интер во моментов има 40 бодови, односно 10 помалку од лидерот Наполи, како и два повеќе од Милан.