Марсеј со пресврт до шеста победа по ред во Лига 1 (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј влезе во фантастична серија во Лига 1, откако вечерва во дербито на „Велодром“ со 3-1 го совлада Бордо во рамки на 17.коло

Гостите први дојдоа во водство преку Јасин Адли по половина час игра. Марсеј направи комплетен пресврт во второто полувреме, а победата ја најави Жордан Амави во 48-та минута. Морган Сансон со „бомба“ од 16 метри го доведе домашниот тим во водство по еден час игра. Победата на Марсеј во судиското продолжение ја потврди Немања Радоњиќ.