Марсеј се посрамоти на „Велодром“, Оксер го шокира фаворитот!
Синајоко прв ја затресе мрежата на Марсеј во 10. минута, а потоа следеа два погодоци во завршницата на првиот дел преку Перин и Траоре.
Марсеј направи три измени на почетокот на второто полувреме со цел да се извлече од дебакл, а потоа Гринвуд во 65. минута намали на 1-3, по што резултатот не се менуваше до крајот на натпреварот.
Оксер со оваа победа скокна до шестата позиција и има 16 бодови, додека Марсеј остана на второ место со 20 поени.