Марко Силва доби отказ, веќе е познат новиот менаџер на Евертон!

Екипата на Евертон синоќа претрпе убедлив пораз во градското дерби со Ливерпул (5-2), а вечерва челниците на клубот решија да го отпуштат тренерот Марко Силва.

„Карамелите“ се во многу лоша форма оваа сезона бидејќи се на 18-то место по 15 кола. По низата лоши резултати, челниците на клубот од „Гудисон“ решија дека е време за промена и му се заблагодарија на Марко Силва за соработката.

Разрешувањето на Силва се споменуваше во последните неколку недели, при што Евертон вечерва потврди дека тој повеќе не е тренер на клубот. Силва пристигна на чело на Евертон на крајот на мај во 2018 година, но не ги исполни целите што се очекуваа од него.

Евертон летово потроши многу пари на засилувања, но англискиот клуб едноставно не игра како што се очекуваше. Тимот ќе биде привремено воден од Данкан Фергусон, но англиските медиуми веќе пишуваат дека нов тренер на тимот ќе биде Дејвид Мојс, кој некогаш го водеше овој тим со голем успех.

Мојс го напушти „Гудисон“ летото 2013 година кога го презема Манчестер Јунајтед, но неговата авантура во овој клуб заврши неславно.