„Марка“: Солари останува тренер на Реал Мадрид! (ФОТО)

Сантијаго Солари, кој беше поставен како привремен тренер на Реал Мадрид на 29 октомври по отказот на Хулен Лопетеги, би требало да остане до крајот на сезоната предводник на актуелниот европски шампион.

„Марка“ пишува дека „кралевите“ ги испратиле документите за потврда на тренерското место на Солари по „пробата“ од две недели, па наскоро се очекува официјална потврда и од клубот.

Да потсетиме, со Реал се поврзуваа многу тренери како Жозе Мурињо, Антонио Конте, Маурицио Покетино, но за некое поголемо тренерско име најверојатно ќе се разговара наредното лето.