
„Марка“: Бензема не си оди од Реал Мадрид!
Ова вечерва го објави угледната „Марка“ повикувајќи се на информации од таборот на Французинот, кој наводно им се заблагодарил на Саудијците за понудата и бил многу благодарен што тие покажале толку голем интерес за да го ангажираат.
Бензема сакал да остане во Реал Мадрид и не бил подготвен да си замине од „Сантјаго Бернабеу“, зашто верува дека може да има уште една извонредна сезона, па ако сето ова е точно веројатно новата сезона 2023/24 ќе биде негова последна и идното лето можно е да се пресели на арапскиот полуостров.
Бензема е дел од Реал Мадрид веќе 14 години откако дојде во овој гигант во 2009 година.