Марио Геце и официјално го напушта Дортмунд (ФОТО)

Екипата на Борусија од Дортмунд потвдри дека Марио Геце ќе го напушти клубот.

Офанзивниот играч има договор до крајот на јуни, а од клубот решија да не ја продолжат соработката со него. Геце ги мина изминатите четири години во овој тим, а пристигна од Баерн од Минхен, за кого играше три сезони.

Инаку, навивачите на клубот никогаш не му простија за тоа што го напушти клубот и замина во редовите на лутиот ривал, а потоа повторно се врати назад.