Марез: Лестер ми „украде“ две години од животот - требаше да одам во Арсенал!

Ријад Марез имаше бурно лето во 2018 година, кога пристигна во Манчестер сити за 60 милиони евра, но претходно долго чекаше актуелниот шампион да го убеди Лестер за трансфер.

Алжирецот почна и бојкот во еден момент, кога се скара со управата на клубот, по што одби да трнеира. Сепак, успеа да стане најскапиот фудбалер во историјата на Сити во тој момент.

„Мене ми е јасно дека две години изгубив од животот. Зошто? Затоа што наместо да стигнам во Сити на 24-25 години, јас дојдов на 27 години. Лестер ме запре во мојата желба, зашто ми кажаа дека не можам да го напуштам клубот“, вели Алжирецот.

Не е тајна дека и Арсенал го посакувал Марез, но сепак Пеп Гвардиола успеал да го убеди и да го купи.

„Мојот агент разговараше со Арсен Венгер, кој навистина ме сакаше и тоа беше речиси договорен трансфер во 2016 година. не беше лесно од најдобриот фудбалер на Премиерлига да станете дел од екипа, која се бори за опстанок“, открива Марез.