Манчини се враќа во Италија за да ја спаси Рома?
Манчини го имаше последниот ангажман на кормилото на репрезентацијата на Саудиска Арабија, но сега е слободен да бара нов предизвик.
Рома игра очајно на почетокот на новата сезона, па управата веќе размислува да го избрка Иван Јуриќ, а како главен кандидат за тренерското столче се појави Манчини.
Доколку се оствари тоа сценарио, тогаш навивачите на Лацио нема да бидат среќни со одлуката на Манчини кој во минатото го носеше дресот на „небесно-сините“.