Манчестер сити понуди 70 милиони евра за ѕвезда на Атлетико Мадрид

Родри Ернандез е близу до заминување од редовите на Атлетико Мадрид, бидејќи има формална понуда од Манчестер сити. 

Фудбалерот од средниот ред има откупна клаузула од 70 милиони евра, а „граѓаните“ понудија толку, па сега Родри треба да одлучи дали ќе замине или ќе остане во Мадрид. 

Пеп Гвардиола бара засилувања во средината од теренот, бидејќи Фернандињо е кон крајот на својата кариера, а многуте повреди на Илкај Гундоган го забавија неговиот развој. 

Родри би бил идеално освежување во тимот на англискиот шампион, а и Атлетико би инкасирал одлична сума од трансферот за да најде негова замена.