Манчестер Сити ќе се засилува со фудбалер од Узбекистан

Според Фабрицио Романо, Манчестер Сити е сериозно заинтересиран во јануари во своите редови да го доведе Абдукодир Кусанов од Ленс.

Се работи за 20-годишен узбекистански фудбалер кој настапува на позицијата централен дефанзивец.

Сити не е единствениот гигант заинтересиран за неговиот потпис, наводно неколку големи клубови го посакуваат.

Кусанов важи за еден од најголемите таленти на неговата позиција.