Манчестер сити го ангажира четвртото најскапо засилување во клупската историја

Англискиот гигант Манчестер сити денеска го комплетира трансферот на Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт, односно плати 75 милиони евра за неговите услуги.

Мармуш е четврто најскапо засилување на „граѓаните“ во клупската историја, а поскапи од него биле само Џек Грилиш, Јошко Гвардиол и Кевин Де Брајне.

Египќанецот потпиша договор со премиерлигашот до јуни 2029 година, а претходно играше за Волфсбург, Сент Паули, Штутгарт и Вади Дегла.