Манчестер јунајтед во јануари ќе потроши 200 милиони фунти за две млади ѕвезди
Менаџерот Оле Гунар Солшер се фокусираше на засилување на одбраната и го направи тоа со трансферите на Арон Ван Бисака и Хер Мегвајер. Во јануарскиот преоден рок клубот е подготвен да потроши дури 200 милиони фунти на две млади фудбалски ѕвезди.

Се работи за Ерлинг Браут Халанд од Салцбург и англискиот репрезентативец Џејдон Санчо од Борусија Дормтунд. Најголемиот дел од овие 200 милиони ќе одат на сметка на бундеслигашот за Санчо, додека трансферот на младиот Норвежанец се проценува на околу 70 милиони фунти.

Двајцата важат за едни од најголемите таленти во светот, а веќе сеиозно се покажуваат на најголемата сцена, па Јунајтед верува дека Санчо и Халанд можат да го вратат клубот на врвот од Премиерлигата, а потоа и Европа.