Манчестер јунајтед нема да брзa со отказ: Работата на Жозе Мурињо е безбедна

Откако синоќа се појавија информации во англиските медиуми, дека Жозе Мурињо во понеделник ќе добие отказ, бордот на директори на Манчестер јунајтед ги демантира гласините. 

Португалецот ќе добие време да ги промени работите во клубот, пишува „Би-Би-Си“. Според информациите на овој медиум, работата на Мурињо во Манчестер јунајтед засега е сигурна.

Минатонеделниот пораз од Вест Хем значеше дека „ѓаволите“ го имаат најлошиот старт во Премиерлигата во последните 29 години. По седум одиграни кола, најтрофејниот премиерлигашки клуб има само десет освоени бодови.

Денеска Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ го пречекува Њукасл во 18.30 часот во рамки на 8.коло од Премиерлигата.