Манчестер јунајтед ќе ги казни навивачите кои упаднаа на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед во неделата најави дека ќе соработува со полицијата за да го истражи упадот на навивачите на „Олд Трафорд“ поради кој беше одложен натпреварот против Ливерпул.

„Црвените ѓаволи“ ги бараат фановите кои влегоа на стадионот и порачаа дека немаат намера да толерираат такво однесување, па учесниците во протестот ќе добијат соодветни казни.

„Клубот нема намера да ги казни сите кои на мирен начин го изразија својот став, но соработува со полицијата за да ги пронајде агресивните учесници во протестот за кои ќе бидат изречени дополнителни казни“, соопштија од клубот.