Манчестер јунајтед ја одреди цената за Пол Погба

Англискиот великан Манчестер јунајтед ја продава својата ѕвезда Пол Погба, но само под еден услов, ако заинтересираниот клуб плати одгромни 170 милиони евра за да го добие фудбалерот за врска.

Погба сезонава имаше две лица, на очајни настапи под Жозе Мурињо и игри на врвно ниво откако дојде Оле Гунар Солшер, но многу попроблематичен е неговиот однос во соблекувалната, за кој дел од легендите посочуваат дека е проблематичен и „темпирана бомба“.

За него во последно време беа заинтересирани Реал Мадрид, ПСЖ и Јувентус, но сега прашање е дали би прифатиле да го купат за оваа цена, зашто сите очекуваа дека со 120 милиони евра би било прифатлива сума за трансфер.