Манчестер јунајтед испрати последна понуда и чека одговор од Порто

Манчестер јунајтед цело лето е поврзуван со трансфер на Џејдон Санчо, но преговорите со Борусија Дортмунд одат многу тешко. Во меѓувреме менаџерот Оле Гунар Солшер го пополнува тимот со други фудбалери. 

Дони ван де Бек е засега првото и единственото засилување за „ѓаволите“ во новата сезона, а се чини второ ново име ќе биде Алекс Телес од Порто. Јунајтед веќе ги договорил личните услови со левиот бек, па сега останува само да го реши обештетувањето со тимот од „Драгао“.

Понудата на премиерлигашот е 12 милиони фунти, додека Порто бара 18 милиони. Португалците веројатно ќе попуштат во своите барања, бидејќи договорот на Телес истекува во јуни 2021 година, кога ќе може да си замине како слободен играч.

Интерес за Телес ова лето имаше и од ПСЖ и од таборот на Челси.