Мамардашвили откри зошто нема намера да потпише за Баерн Минхен!

Голманот на Грузија, Гиорги Мамардашвили се очекува да ја напушти Валенсија за голема сума, тој се поврзува со Баерн Минхен и Њукасл.

Валенсија потпиша со нашиот Димитриевски, но Мамардашвили е уште нивен член. Тие се надеваат дека ќе го продадат за сума од околу 40 милиони евра.

По вчерашниот меч Мамардашвили беше прашан за интересот од Баерн Минхен.

„Баерн го имаат најдобриот голман во светот. Па невозможно е да одам таму. Ќе одам само во клуб каде што ќе бранам како прв голман. Доколку нема да играм, тогаш нема ни да потпишам“, рече Мамардашвили.

Се очекува Мануел Нојер и наредната сезона да биде прв голман на Баерн Минхен, па Мамардашвили нема да се пресели таму доколку си стои на зборот.